Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Кери Бредшо повторно во култната венчаница од несудената свадба со Мистер Биг во „Сексот и градот“

Кери Бредшо повторно во култната венчаница од несудената свадба со Мистер Биг во „Сексот и градот“

Во новите епизоди од „And Just Like That“, Кери Бредшо пресоздава нов моден изглед со култната венчаница која ја облече за несудената свадба со Мистер Биг во првиот филм „Sex and the City“.

Сара Џесика Паркер деновиве беше фотографирана од папараците додека снимаше сцена во Њујорк. На фотографиите, таа грациозно слегува по скали облечена во раскошната венчаница од Вивиен Вествуд во која требаше да се венча со Мистер Биг пред тој да одлучи дека нема да се појави на венчавката.

Кери ја носи луксузната тоалета заедно со истиот тиркизен моден додаток на главата во облик на птица. Во новиот изглед, таа додаде тиркизна наметка и соодветни обувки од Диор.

Кери Бредшо Кери Бредшо Кери Бредшо Кери Бредшо Кери Бредшо Кери Бредшо Кери Бредшо Кери Бредшо Кери Бредшо Кери Бредшо

Изгледа раскошниот фустан на Вествуд ќе одигра значајна сцена и во серијата „And Just Like That“. Потсетете се на моментите од „Sex and the City“:

Кери Бредшо Кери Бредшо Кери Бредшо Кери Бредшо Кери Бредшо Кери Бредшо

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11208 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.