Манекенката Каја Гербер за првпат се појави на свеченост со своето ново момче Луис Пулман.
23-годишната ќерка на легендарната Синди Крафорд и 32-годишниот актер заедно пристигнаа на премиерата на неговиот нов филм „The Testament of Ann Lee“ во Венеција. На настанот во рамките на Филмскиот фестивал, Каја блесна во црна креација од Живанши.









Претходно, парот беше уловен додека се бакнуваше за време на вечерно излегување во италијанскиот град,






Гласините за врската помеѓу Каја и Луис започнаа уште на почетокот на 2025 година, само неколку месеци по нејзиното раскинување со Остин Батлер, кога беа забележани заедно на вечера по повод неговиот роденден.
Извор близок до парот за одлуката на Каја да не ја открива врската во јавноста рекол:
„Тие започнаа да се состануваат на почетокот од декември 2024 година, но ја држеа врската во тајност додека да се дознае за нејзината разделба со Остин. Каја и Остин раскинаа уште во октомври“.
