Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Каролина Гочева згодна во тесен фустан со висок шлиц на концерт во Крива Паланка

Каролина Гочева згодна во тесен фустан со висок шлиц на концерт во Крива Паланка

Каролина Гочева продолжува со својата турнеја низ Македонија.

Овојпат, македонската пејачка одржа концерт во Крива Паланка и ја распеа публиката.

На сцената во НУ Центар за култура, 43-годишната музичка ѕвезда изгледаше атрактивно во црн тесен фустан со висок шлиц, надополнет со колан во форма на синџирче.

Концертот го одбележа отворањето на манифестацијата „Крива Паланка - Град на културата".

Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева

„Силни импресии на публиката од извонредниот настап на македонската музичка дива, неповторливата, една и единствена, Каролина Гочева. Салата во НУ Центар за култура ечеше, во еден глас се пееја песните од албумите ‘Македонско девојче’ и ‘Извор’ на композиторот и продуцент Никола Мицевски, кој со својот бенд ја придружуваше Каролина.“

„Сите генерации уживаа во интерпретацијата на: ‘Сакам да не те сакам’, ‘Ако згрешам нека изгорам’, ‘Две златни лири’, ‘Пролет, лето, есен, зима’, ‘Ѕвона ‘, ‘Бели цветови’, ‘Да е сон’...“

„Концертот е вистински музички подарок и полн погодок за официјално отворање на манифестацијата ‘Крива Паланка - Град на културата’“ – стои во описот на фотографиите објавени од манифестацијата.

Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева Каролина Гочева

Фотографии: Крива Паланка - Град на културата Instagram

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11491 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.