Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Исполнување на желба: Калиопи изненади мала обожавателка за роденденот

Исполнување на желба: Калиопи изненади мала обожавателка за роденденот

Калиопи имаше успешен концерт во Белград, кој ќе го памети засекогаш. Но, две мали обожавателки успеаја да ѝ остават најсилен впечаток и да ѝ го украдат срцето.

Ана и Мила гласно ги пееја нејзините песни, а нивната мајка Данијела сподели видео кое допре до македонската пејачка.

Кога Калиопи дознала дека роденденска желба на малата Ана ѝ е токму таа да ѝ ја пее песната „Rodjendan“, веднаш договорила средба во Скопје со семејството.

Нашата музичарка се појави пред Ана со песна, а потоа ја изненади и со роденденска торта. Малото девојче остана со подотворена уста.

Дете

Се сеќавате на Ана и Мила од мојот белградски концерт? Да, да, тоа се тие двете кои ми го „украдоа“ шоуто! И ми го украдоа срцето во истиот момент кога го погледнав нивното видео. Благодарение на нивната прекрасна мајка Даниела, стапивме во контакт и успеавме да ѝ го оствариме сонот на Ана, која пеејќи дома рекла дека би сакала Калиопи да ѝ ја пее „Rodjendan“ за нејзиниот роденден. Затоа што истиот ден му беше роденден и на тато Дејан, одлучија да допатуваат во Скопје, каде ја договоривме нашата средба. Се разбира, Ана и Мила немаа поим за овој наш план.

Сè останато се слики длабоко врежани во сеќавањата кои долго време сите ќе ги носиме во срцата...

И повторно, по не знам кој пат, сфатив зошто и за кого постојам. Ти благодарам животе!

„Благодарение на оваа прекрасна жена, изненадувањето беше успешно за 5-тиот роденден на Ана и 50-тиот роденден на тато“ – напиша мајката Данијела.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.