Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Изненадување: Ед Ширан доби второ дете, со сопругата Шери ја чуваа целата бременост во тајност

Изненадување: Ед Ширан доби второ дете, со сопругата Шери ја чуваа целата бременост во тајност

Ед Ширан и Шери Сиборн добија уште едно дете. Целата бременост парот ја чуваше во тајност, а среќната вест ја соопшти 31-годишниот пејач.

На Instagram тој сподели фотографија од бебешки чорапчиња и откри дека има уште една ќерка.

„Сакам да ве известам дека имаме уште едно прекрасно девојченце. И двајцата сме вљубени во неа и сме пресреќни што сега сме 4-члено семејство“ – напиша Ед.

Ед Ширан и Шери Сиборн

Парот го држи приватниот живот што подалеку од љубопитните очи на јавноста и ретко споделува информации поврзани со семејството.

На сличен начин, Ширан ја соопшти и веста за раѓањето на поголемата ќерка Лира во септември 2020 година.

Ед и Шери се познаваат од мали нозе и се средношколски пријатели. Се верија во 2018 година, а стапија во брак една година подоцна.

Ед Ширан и Шери Сиборн Ед Ширан и Шери Сиборн

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11271 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.