Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ИЗВОНРЕДНА: Тамара Тодевска восхити со „Proud“ во евровизиското ФИНАЛЕ

ИЗВОНРЕДНА: Тамара Тодевска восхити со „Proud“ во евровизиското ФИНАЛЕ

Тамара Тодевска нè направи горди вечерва. Македонската ѕвезда настапи осма по ред на евровизиската сцена и одушеви со феноменална изведба на баладата „Proud“.

Како и на полуфиналната вечер, 33-годишната ѕвезда носеше смарагдно-зелен фустан од Александар Ношпал и префинет накит од италијанскиот бренд Rebecca. Придружни вокали ѝ беа Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев.

Видео од настапот

Многубројни позитивни коментари се шират на социјалните мрежи за влезот на Тамара во финалната трка. Новиот претседател Стево Пендаровски сподели дека стапил во контакт со Тамара за лично да ѝ посака успех пред финалето. „Само напред девојко, земјата се гордее со твојот успех!“ – напиша тој.

Наскоро ќе ја дознаеме конечната листата со бодови. Рангирањето ќе биде резултат на гласовите од експертско жири, како и гласовите на гледачите од 41 земја учесничка.

Трофеј

Победникот ќе освои блескав трофеј:

Трофеј

Водители на вечерашната манифестација се Бар Рафаели, Ерез Тал, Аси Азар и Луси Ајуб.

Трофеј

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10389 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.