Иванка Трамп како модерна принцеза во блескав фустан од Каролина Ерера на инаугурациските балови
Иванка Трамп се очекува да има многу важна улога во тимот на нејзиниот татко Доналд Трамп. Токму затоа, за време на инаугурациските свечености, големо внимание беше насочено кон неа.
35-годишната дама блесна во фустан со боја на шампањ од Каролина Ерера. Додека танцуваше во балската креација со својот сопруг Џаред Кашнер, таа наликуваше на модерна принцеза.
