Дејвид Бекам со децата ужива во Канада. Поранешниот фудбалер беше фотографиран заедно со Ромео, Круз и Харпер на снежните терени на Вистлер Блеккомб, најголемиот скијачки ресорт во Северна Америка.
Бекам сподели и неколку фотографии и видеа од семејната забава на снегот.
Викторија Бекам не беше видена на патеките за скијање, но беше уловена од папараците додека беше на прошетка со својот татко и пријателка.