Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Енрике ја објасни навиката да бакнува обожавателки на сцена

Енрике ја објасни навиката да бакнува обожавателки на сцена

Енрике Иглесијас е еден од најзгодните пејачи во музичката индустрија и ретко која жена не сонува за барем еден бакнеж со него.

На неколку негови обожавателки таа желба веќе им се има остварено. Шпанскиот заводник на неколку концерти има покането обожавателки на сцена и ги има изненадено со нежен бакнеж в уста.

Енрике Иглесијас Енрике Иглесијас

Во јули, во шоуто Today, Енрике повика една девојка да му се придружи на сцена, ѝ ја отпеа песната Hero и ја бакна на крајот од настапот.

Кон крајот на септември, во Бугарија Енрике го направи истото, а сега ја продолжува таа навика. Така, минатата недела Енрике бакнал уште две други обожавателки на неговите концерти во Америка.

Кога бил запрашан која е причината за неговите нежности на сцената, тој изјавил: „Едноставно се возбудувам кога сум на сцената. Не го правам постојано. Треба да сум во добро расположение. Немаше вклучено јазик“.

41-годишната Шерил Лавои е една од среќничките кои добиле бакнеж од Енрике. Таа на концертот била со својот сопруг. Шерил објаснила дека пред да ја бакне, Енрике побарал дозвола од сопругот.

„Си помислив дека ќе доживеам срцев удар. Тој има толку меки усни. Тоа беше убав сладок бакнеж“ – изјавила таа.

Енрике во живо во шоуто Today

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11504 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.