Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Ен Хетавеј и Џејмс Франко се новите водители на Оскарите

Ен Хетавеј и Џејмс Франко се новите водители на Оскарите

Ен Хатавеј и Џејмс Франко ќе бидат водители на 83-тото по ред доделување на наградите Оскар.

Информација вчера ја потврдија продуцентите Брус Коен и Дон Мишер кои изјавија: „Џејмс Франко и Ен Хатавеј се олицетворение на новата генерација на холивудски икони – свежи, возбудливи и мултиталентирани“.

Ен Хатавеј и Џејмс ФранкоЏејмс Франко и Ен Хатавеј

Се верува дека младите актери се избрани за водители со цел да привлечат помлада публика. Минатата година водители на Оскарите беа 65-годишниот Стив Мартин и 52-годишниот Алек Болдвин.

Најновиот проект на 32-годишниот Џејмс Франко е филмот „127 Hours“ за којшто доби многу пофалби, а најновиот проект на 28-годишната Ен е филмот „Love and Other Drugs“.

Свечената манифестацијата по повод доделувањето на Оскарите ќе се одржи на 27. февруари во Кодак театарот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11094 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.