Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Евровизиски успех: Со Тамара Тодевска и „Proud“ одиме во големото ФИНАЛЕ!

Евровизиски успех: Со Тамара Тодевска и „Proud“ одиме во големото ФИНАЛЕ!

Голема радост за Тамара Тодевска, нејзиниот тим и нашата држава. Моќната изведба на „Proud“ ни обезбеди пласман во евровизиското финале.

33-годишната пејачка одушеви со вокалните способности, а инспиративната песна очигледно допре до многубројната публика.

Настапот на Тамара

На спектакуларната сцена, Тамара одушеви во фустан од Ношпал и накит со бисери од Rebecca. Нејзини пратечки вокали беа Антониа Гиговска, Александра Јанева и Васил Гарванлиев.

Евровизија

Ова е голем успех, со оглед на тоа што Македонија последен пат влезе во финалето на Евровизија во 2012 година, благодарение на Калиопи и песната „Црно и бело“.

Најдобар резултат досега постигна Елена Ристеска во 2006 година, кога нè претставуваше со песната „Нинанајна“ и стигна до 12. место.

Следете ја дискусијата за Евровизија на Форум Фемина.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10371 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.