Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Вооружени крадци ја врзале Ким Кардашијан, а потоа ѝ одзеле накит од речиси 10 милиони евра

Вооружени крадци ја врзале Ким Кардашијан, а потоа ѝ одзеле накит од речиси 10 милиони евра

Гостувањето на Ким Кардашијан на Париската модна недела не заврши среќно.

35-годишната ѕвезда од „Keeping Up with the Kardashians“ била жртва на вооружен грабеж од страна на двајца маскирани мажи облечени како полицајци.

Странските медиуми пренесуваат дека крадците ја врзале Ким во бањата во хотелската соба, а потоа ѝ одзеле накит вреден речиси 10 милиони евра и два мобилни телефони.

Претставник на Ким изјавил дека таа не е физички повредена, но е психички потресена. „Ким Кардашијан вечерва беше држена под заложништво во нејзината соба во хотел во Париз од двајца мажи облечени како полицајци. Таа е многу потресена, но нема физички повреди“ – рекол тој за People.

Ким Кардашијан

По инцидентот, Кание Вест го прекинал својот концерт во Њујорк, за да отпатува и да биде со своето семејство. „Се извинувам. Се извинувам. Имам итен семеен случај. Морам да го прекинам шоуто“ – ѝ рекол тој на публиката.

Децата на славниот пар, Норт и Сент, не биле во собата кога се случил грабежот.

Хотелот на КимПолиција пред хотелот во кој престојува Ким Ким Кардашијан Ким Кардашијан

Кендал Џенер подоцна беше фотографирана придружувана од полиција.

Ким Кардашијан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11347 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.