Адел ужива на Карибите во друштво на пријатели. Папараците ја фотографираа видно ослабената музичка ѕвезда додека се релаксираше и забавуваше на островот Ангила.
31-годишната пејачка носеше кратко фустанче од Reformation кое ја откри нејзината телесна трансформација. Адел привлече бројни комплименти за својот изглед откако ослабе 20 килограми.
Популарната музичарка првпат го покажа својот нов изглед во октомври минатата година кога присуствуваше на роденденската забава на Дрејк. Тоа беше прво нејзино појавување на јавен настан по поднесувањето документи за развод од поранешниот сопруг Сајмон Конеки со кого има едно дете. Бидејќи таблоидите шпекулираа дека таа била видена како плаче на забавата, Адел возврати на Instagram со пораката „Порано плачев, но сега се потам“.
Адел и Сајмон беа заедно седум години пред да се разделат во април минатата година.
Адел сподели и две фотографии пред Нова година за да им посака на фановите да имаат среќни празници.