Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Тејлор Момсен дивееше со други девојки на сцена во Барселона

ВИДЕО: Тејлор Момсен дивееше со други девојки на сцена во Барселона

Тејлор Момсен не е од најпримерните пејачки/актерки. Нејзиниот начин на облекување, музичките настапи пред публика и непромислените изјави ја ставија на листата на проблематичните бунтовнички девојки од Холивуд.

Ниту еден нејзин настап не поминува без нејзината премногу провокативна и нападна облека, а во последно време скоро ниту еден нејзин настап не поминува без таа да ја подигне блузата за да ги покаже своите гради.

Но, на последниот настап со нејзиниот бенд „The Pretty Reckless“ во клуб во Барселона, 17-годишната пејачка ги премина сите граници. Прво ја крена својата долга маица и ги покажа гаќичките и градите на кои имаше залепено црни ленти. Потоа ги покани на сцена девојките од публиката, поставувајќи им услов да се соблечат по градници.

Тејлор Момсен на настап во Барселона Тејлор Момсен на настап во Барселона

Една по една девојките се соблекоа и се качија на сцената, каде што Тејлор започна провокативно да танцува и да ги допира.

Тејлор Момсен на настап во Барселона Тејлор Момсен на настап во Барселона

Контроверзната ѕвезда на крајот им подари на сите по еден бакнеж и ги испрати назад во публиката.

Тејлор Момсен на настап во Барселона

Нејзиниот настап предизвика негативни реакции, особено затоа што Тејлор е малолетна, како што изгледаат и другите девојки. Погледнете го настапот тука:

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10506 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.