Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Рекламите на Меган Фокс и Роналдо за Армани – во целост

ВИДЕО: Рекламите на Меган Фокс и Роналдо за Армани – во целост

Конечно се појавија целосните рекламни видеа на Меган Фокс и Кристијано Роналдо за брендот Армани.

Во нив, 24-годишната актерка и 25-годишниот фудбалер го заробуваат вниманието на персоналот на еден хотел со нивните секси тела.

Во првото видео, насловено како „The Tip“, Меган Фокс ја отвора вратата од својата хотелска соба за да влезе келнер за собна послуга, а таа е облечена само по секси долна облека и наметка. Потоа, Меган заводливо се облекува по фармерки и кошула, додека келнерот ја поставува масата и постојано гледа во неа. На крајот сексапилната Фокс останува збунета кога келнерот го одбива нејзиниот бакшиш и ѝ вели „благодарам“.

Во вториот клип, насловен како „Housekeeping“, Кристијано Роналдо го покажува своето мускулесто тело, а млада девојка од персоналот на хотелот не може да ги тргне очите од него. Роналдо шета низ собата облечен само по фармерки во потрага по својата маица, а младата девојка му ја сокрива со цел подолго да може да се насладува на неговото полуголо тело.

Рекламите се и за Emporio Armani Underwear и за Armani Jeans.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.