Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Победничкиот настап на Даниел Кајмакоски како Тина Тарнер во „Твоето лице звучи познато“

ВИДЕО: Победничкиот настап на Даниел Кајмакоски како Тина Тарнер во „Твоето лице звучи познато“

Даниел Кајмакоски ја доби својата прва женска улога во „Твоето лице звучи познато“ и победи. 32-годишниот македонски пејач самоуверено го прифати предизвикот да ја имитира Тина Тарнер во новата епизода од српското шоу со хуманитарен карактер.

Тој изгледаше непрепознатливо и ја изведе „Golden eye“ од славната музичка ѕвезда за филм за Џејмс Бонд.

Видео

Kajmakoski kao Tina Tarner, ep. 03. sez. 03. :)

Posted by Tvoje Lice Zvuci Poznato on Saturday, March 26, 2016

„Сè може да се случи кога маж е на штикли“ – се пошегува Даниел за српската телевизија.

„Кореографијата беше феноменална. Се потруди и секоја чест што успеа да го извлечеш од себе тој женски глас, тоа не е лесно“ – коментираше Владо Георгиев.

„Мајсторе беше одличен, пееш феноменално, кореографијата и сè што направивте сè беше фантастично, возбудливо. Фантастичен настап и пееш дечко феноменално“ – додаде Андрија Милошевиќ.

Даниел Кајмакоски Даниел Кајмакоски

Освоените 1.000 евра Кајмакоски ќе ги донира за Кико, 12-годишно момче од Крушево кое едвај оди само, но не сакаше да зборува многу за неговиот хендикеп.

Кико неодамна му признал на Даниел дека собира пари за да може конечно да го види морето, па талентираниот пејач се надева дека со својата донација ќе му помогне да си ја оствари желбата и ќе им помогне на луѓето кои се грижат за него.

Даниел Кајмакоски

Во претходната епизода Кајмакоски го имитираше Бруно Марс.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11459 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.