Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: НЕблагодарноста на Мадона

ВИДЕО: НЕблагодарноста на Мадона

Секоја жена обожава да добива цвеќиња. И Мадона најверојатно ужива во букет цвеќиња, но само ако не е составен од хортензии.

Познатата пејачка го изрази својот презир кон хортензиите кои ѝ ги подари обожавател, а сето тоа беше фатено на камера, па стана вирален хит.

Пред почетокот на прес-конференција во Венеција, обожавател ѝ подари цвеќе на кралицата на поп музиката. Со насмевка на лицето Мадона љубезно се заблагодари за убавиот гест, но само неколку секунди подоцна таа призна што навистина мисли за подарокот.

„Апсолутно презирам хортензии“ – се слушна од микрофонот на Мадона, додека таа се обидуваше да го стави цвеќето под масата. „Тој очигледно не го знае тоа“ – дополни 53-годишната пејачка.

Оние кои и претходно ја нарекуваа Мадона нарцисоидна и крената во воздух, сега добија уште еден силен аргумент во своја корист.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9484 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.