Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ВИДЕО: Кортни Стоден докажа дека човечката глупавост не познава граници

ВИДЕО: Кортни Стоден докажа дека човечката глупавост не познава граници

Кортни Стоден редовно се појавува облечена во премногу провокативна облека и високи стриптизерски обувки за да добие медиумско внимание. Но, новото видео на 17-годишната русокоса, која е во брак со 51-годишниот актер Даг Хачинсон, е нејзиниот најочаен потег за привлекување на внимание досега.

Во видеото со наслов „Hello Courtney“, таа го имитира ликот Hello Kitty и мјаука, преде, искашлува крзнена топка, лази по подот, јаде мачешка храна, па дури и копа во мачешка кутија со тоалетен песок. Се разбира, повторно не изостануваат високите стриптизерски потпетици.

Видеото не е ни слатко, ни смешно, а најмалку секси, па многумина се згрозени од очајноста на Кортни и нејзините обиди да добие слава.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.