Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Ве обожавам“: Бред Пит го доби првиот Оскар за актерство и наградата им ја посвети на своите шест деца

„Ве обожавам“: Бред Пит го доби првиот Оскар за актерство и наградата им ја посвети на своите шест деца

По 30-годишна кариера, Бред Пит се израдува на својот прв Оскар за актерство.

На синоќешната манифестација, 56-годишниот холивудски заводник ја доби златната статуетка за Најдобар актер во споредна улога за филмот „Once Upon a Time... in Hollywood“.

Во својот говор, Пит им се заблагодари на членовите на филмската екипа и оваа специјална награда им ја посвети на своите шест деца кои ги има со Анџелина Џоли – Медокс, Пакс, Шајло, Захара, Нокс и Вивиен.

„Ова е за моите деца кои даваат боја на сè што правам. Ве обожавам!“ – рече Бред на крајот од својот говор.

Бред Пит на Оскар 2020 Бред Пит на Оскар 2020 Бред Пит на Оскар 2020

Пит претходно се радуваше на Оскар како продуцент на „12 Years a Slave“, кој во 2014 година беше избран за Најдобар филм.

Бред Пит на Оскар 2020

Анџелина и Бред се разделија во 2016 година, по две години брачен живот. Старателството над нивните деца го доби Џоли.

Бред Пит на Оскар 2020 Бред Пит на Оскар 2020 Бред Пит на Оскар 2020

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 8905 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.