Џесика Алба е бремена со третото дете. 36-годишната актерка со слатко видео со двете ќеркички сподели дека овој пат ќе добие синче.
Во краткото видео, холивудската ѕвезда со малите Хевен и Хонор отвораат кутија од која паѓаат сини конфети и балони, што го открива полот на бебенцето.
Алба не ја крие возбудата што ќе добие синче кое ќе може да го разгалува заедно со целото семејство.
Алба стапи во брак со Кеш Ворен во мај 2008 година. Нивната прва ќерка Хонор се роди во јуни 2008 година, додека малата Хевен дојде на овој свет во август 2011 година.





