Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бред и Џоли потпишале договор за разделба

Бред и Џоли потпишале договор за разделба

Очигледно многуте вести за проблемите и расправиите на Бред и Анџелина не биле воопшто шпекулации. Денес стана јасно дека најпопуларниот пар на Холивуд се подготвува официјално да стави крај на својата петгодишна врска.

„Најпознатиот пар во светот се согласи како да го подели своето богатство и кој да го добие старателството над нивните шест деца“ – пишува News of The World.

Анџелина Џоли и Бред ПитАнџелина Џоли и Бред Пит со своите деца.

Анџелина и Бред се согласиле подеднакво да го поделат своето богатство од 322 милиони долари и да имаат заедничко старателство над нивните шест деца. Но, иако договорот кој го потпишале во почетокот на јануари им дава заедничко старателство, децата ќе живеат со Џоли.

Подготовките за разделбата започнале уште во декември, кога славниот пар посетил еден од врвните адвокати за разводи во Лос Анџелес. Уште тогаш во таблоидите се пишуваше дека се ближи нивната разделба, но и покрај тоа, Анџелина и Бред се појавуваа заедно во јавност.

Извори блиски до семејството тврдат дека и двајцата актери се обидуваат разделбата да ја направат постепена и што помалку болна заради нивните деца.

Бред Пит и Анџелина ЏолиБред Пит и Анџелина Џоли на балот организиран од UNICEF.

Во последно време Џоли и Пит веќе не се појавуваат заедно. Бред Пит беше дел од големиот хуманитарен спектакл „Надеж за Хаити“, без Анџелина. Минатата недела тие воопшто не се појавија на големиот настан на доделувањето на наградите „Златен глобус“, на кој филмот на Бред Пит „Inglourious Basterds“ беше номиниран во седум категории.

Странските таблоиди пишуваат дека уште еден дополнителен знак за нивната разделба е тоа што Бред минатата недела купил имот веднаш до нивниот дом во Лос Анџелес. Тие сметаат дека Бред со тој чекор оди по стапките на Гај Ричи, кој пред да се разведе од Мадона купи куќа во соседството на куќата на Мадона, за да може да има простор каде би поминувал повеќе време со децата, а сепак да остане разделен од својата сега бивша сопруга.

Анџелина Џоли и Бред Пит ја започнаа својата врска на снимањето на филмот „Mr and Mrs Smith“ во 2004 година. Имаат 3 посвоени деца (Медокс, Пакс и Захара) и 3 биолошки (Шило, Нокс и Вивиен).

Пред да започне врска со Анџелина, Бред беше четири и пол години во брак со Џенифер Анистон. Анџелина има зад себе два брака, со Били Боб Тортон и Џони Ли Милер.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11152 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.