Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бред и Анџелина ќе стапат во брак заради децата?

Бред и Анџелина ќе стапат во брак заради децата?

Бред Пит и Анџелина ЏолиНасловната страница на ОК со Џоли и Пит.

Приказните за најпопуларниот холивудски пар никако не стивнуваат. Најновата вест, објавена ексклузивно од списанието ОК, е дека Бред Пит и Анџелина Џоли ќе стапат во брак само за да ги задоволат нивните деца.

Уште од моментот кога биле доволно возрасни да разберат дека Бред и Анџелина не се официјално маж и жена, шесте деца на славниот пар сакале нивните родители да направат свадба – пишува ОК, потпирајќи се на изјава на анонимен извор.

„Прво беше Медокс, кој со години ги молеше своите родители да стапат во брак. Во последно време, Шило и Захара му се придружија, а Пакс мисли дека би било најкул тој да им ги носи прстените“ – пишува ОК.

Најверојатно во оваа одлука прсти има вмешано и мајката на Бред Пит, која што неодамна помина неколку дена со своите внуци.

Дали ова е вистина или само шпекулација, ќе се дознае наскоро.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.