Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Брајан од Backstreet Boys му се придружи на синот Бејли и заедно пееја на аудицијата на American Idol

Брајан од Backstreet Boys му се придружи на синот Бејли и заедно пееја на аудицијата на American Idol

Бејли Литрел несомнено ги има наследено гласовните способности од татко му Брајан и полека, но сигурно ги следи неговите стапки.

22-годишниот син на пејачот, кој се прослави како дел од машкиот бенд Backstreet Boys, беше дел од аудициите на American Idol. Бејли свиреше гитара и изведе своја оригинална песна, импресионирајќи ги судиите Кери Андервуд, Лук Брајан и Лајонел Ричи.

Подоцна, нему на сцената му се придружи и неговиот славен татко Брајан и заедно го изведоа рефренот на песната напишана од Бејли, „Waiting On Myself To Die“.

Бејли Литрел

Откако син му доби тројно „Да“ од жирито, Брајан со солзи во очите рече: „Ќе се расплачам. Плачам“.

Додека растеше, Бејли повеќепати се имаше појавено на големата сцена на концертите на татко си.

„Страшно е да се следат стапките на татко ми, бидејќи неговата музичка кариера, за мене, е една од најневеројатните во музичката историја. Никој не може да се споредува“.

„Се сеќавам кога имав 8-9 години и тие распродадоа една огромна арена и имав можност да ја отворам за нив. Имав само две мои мали песни и слегов од сцената. Кога се појавија момците, започна врескањето и светлата и јас бев маѓепсан. Само си реков: ‘О, Боже. Што е ова’“.

„Кога си дете, не се плашиш. Но, кога ќе пораснеш, особено кога си тинејџер, стануваш плашлив. Јас бев таков“ – рекол Бејли, кој се надева дека ќе го направи татко си горд.

Бејли Литрел Бејли Литрел Бејли Литрел Бејли Литрел Бејли Литрел Бејли Литрел Бејли Литрел Бејли Литрел Бејли Литрел

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28221 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.