Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Борко и Нина Ристовски станаа родители, ја споделија првата фотографија од синчето Душан

Борко и Нина Ристовски станаа родители, ја споделија првата фотографија од синчето Душан

Борко и Нина Ристовски станаа родители. Среќната вест ја објави сопругата на голманот на македонската ракометна репрезентација и ја сподели првата фотографија со новороденото синче на Instagram.

Малото момче се роди вчера и го доби името Душан, по покојниот татко на Борко.

„02.04.2018 Душан Ристовски се роди. Јас сум најсреќната жена на светот. Ти благодарам што ме избра мене да бидам твоја мајка, мое мало лавче. Не постојат зборови со кои можам да ги искажам своите чувства. Те сакам драг тато“ – стои во описот.

Гордиот татко сподели фотографија со синчето и саканата.

Нина и Борко стапија во брак во јануари оваа година.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10618 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.