Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Бар Рафаели потврди дека е бремена со третото дете со Ади Езра

Бар Рафаели потврди дека е бремена со третото дете со Ади Езра

Бар Рафаели повторно е во блажена состојба.

34-годишниот модел потврди дека го очекува третото дете со бизнисменот Ади Езра.

Убавата Израелка официјално ја објави веста во видео снимено со нејзиниот пријател Аси Азар, со кого беа водители на овогодишната Евровизија. Во него, таа вели „Бремена сум“, а во описот пишува: „Упс, го направив тоа повторно“.

Бар Рафаели

„Не беше ли бремена пред неколку секунди? Многу сум среќен за неа – ако е ова точно. Личи малку на бремена, навистина. Но, зошто ѝ се три деца?“ – вели шеговито Азар во видеото.

Рафаели и нејзиниот сопруг имаат две ќерки – Лив, која наскоро ќе наполни 3 години, и 20-месечната Ел. Парот стапи во брак во Израел на 24 септември 2015 година.

Бар Рафаели Бар Рафаели Бар Рафаели Бар Рафаели

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11125 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.