Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Анорексична и болно слаба“: Викторија Бекам критикувана поради ангажирање на преслаба манекенка

„Анорексична и болно слаба“: Викторија Бекам критикувана поради ангажирање на преслаба манекенка

Викторија Бекам ја промовираше својата нова колекција очила, но доби бројни критики поради изборот на моделите.

За рекламните фотографии за колекцијата пролет/лето 2018 година, славната дизајнерка ангажираше преслаба манекенка, за која многумина коментираа дека изгледа анорексично и наместо очила, таа промовира „пореметување во исхраната“.

„Токму поради фотографии како оваа, мојата веќе слаба ќерка смета дека треба да јаде помалку“.

„Зошто да користиш модел кој очигледно има пореметување во исхраната. Тоа не им испраќа добра порака на младите девојки и е тотално опасно и нереално. Вистинските жени не изгледаат така.“

„Моите очи дури не ни ги забележаа очилата. Фокусот беше на моделот. Болно слаба! Бекам треба да се засрами што промовира пореметувања во исхраната. Нејзината мала ќерка е потешка од нејзините модели. Срамота.“

Бекам критики

„Прекрасна облека Викторија, но твојот модел изгледа анорексично. Убава девојка, но не изгледа здраво... наместо да се концентрирам на нејзиниот аутфит, јас зјапам во неа.“

„Ова не е фотографија која сакам да ја види мојата 13-годишна ќерка, која веќе зборува дека треба да ослаби и да носи конфекциски број 8.“

Бекам критики Бекам критики

И самата Викторија неретко добива негативни коментари за слабата фигура. Минатата година таа се закани дека ќе тужи ресторан кој ја нарече анорексична, уништувајќи ѝ го угледот, само за да ги продава своите пици.

Реклама Бекам критики Бекам критики Бекам критики

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11430 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.