Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Анастасија Ражнатовиќ се расплака по победата на Немања која ја посвети на бебето кое го изгубија во бременоста

Анастасија Ражнатовиќ се расплака по победата на Немања која ја посвети на бебето кое го изгубија во бременоста

Анастасија Ражнатовиќ пред неколку дена имаше спонтан абортус и го изгуби бебенцето кое го очекуваше со Немања Гудељ.

Сега, ќерката на Цеца Ражнатовиќ за првпат се појави во јавност на фудбалскиот натпревар на својот сакан.

По завршувањето на мечот, Немања победата ја посвети на изгубеното бебенце, а емотивната Анастасија не можеше да си ги задржи солзите во публиката.

На Instagram, тој објави видео во кое испраќа бакнеж до небото и напиша: „За неа, за нив, за вас“. Анастасија и Немања очекуваа девојче. Таа беше во петтиот месец од бременоста.

Немања

Нивниот возач и близок пријател Рашид го објави видеото со Анастасија од трибините.

Немања и Анастасија Немања и Анастасија

Фудбалски клуб Севиља, во кој игра Немања, повторно ја освои Лигата на Европа.

„Ова беше најдолгата, но и најтешката утакмица која ја имам одиграно, затоа прославата после тоа беше посебна. Особено за мене, бидејќи поминав многу тешки денови со семејството. Цела година се случуваат некои работи, прво со Драги, а потоа со бебето. Кога судијата свирна дека е крај, солзите сами потекоа, не можев да ги задржам“ – изјави Немања за српските медиуми.

Немања и Анастасија Немања и Анастасија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.