Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Адел со албумот „21“ го сруши рекордот на Ејми Вајнхаус

Адел со албумот „21“ го сруши рекордот на Ејми Вајнхаус

Популарноста на Адел се зголемува од ден на ден, а нејзиниот последен албум „21“ како магија освои милиони луѓе низ цел свет. Британската сензација сега и официјално го сруши рекордот поставен од Ејми Вајнхаус за најпродаван британски албум на 21. век.

Адел

Хит-албумот „21“ го надмина по бројот на продажби музичкиот албум на покојната Ејми, „Back To Black“. Според официјалните податоци, досега албумот на Адел е продаден во 3,4 милиони примероци, а албумот на Ејми во 3,3 милиони примероци.

Албумот на Адел за само 10 месеца успеа да ја достигне оваа популарност. Од друга страна, на „Back To Black“ му беа потребни 5 години за да ја достигне бројката од 3,3 милиони продадени примероци, а најголем дел од продажбите се должат на прераната смрт на Ејми.

Ејми Вајнхаус

Адел, која закрепнува од операција на гласните жици, неодамна доби шест Греми номинации. „Само неколку дена откако започнав повторно да зборувам, останав без зборови“ – напишала таа на својот сајт по повод номинациите.

Адел - Someone Like You

Адел - Rolling In The Deep

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11311 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.