Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Авалон најавува: И Брајан Адамс доаѓа во Скопје

Авалон најавува: И Брајан Адамс доаѓа во Скопје

Авалон Продукција најавија концерт на уште една светска ѕвезда. Брајан Адамс оваа година доаѓа во Скопје.

59-годишниот пејач ќе одржи свое музичко шоу на 13 ноември во ВИП Арена.

Брајан Адамс

Драги пријатели,

Неверојатно задоволство ни е да Ви го најавиме нашиот финален светски проект за оваа историска концертна година во Македонија, која во моментов е вистинска европска концертна велесила.

После Lenny Kravitz, Sting и Eros Ramazzotti, во Скопје доаѓа еден од најголемите mainstream артисти на светот на сите времиња, човекот со безброј хитови, а истовремено и големи песни- BRYAN ADAMS!

На 13-ти ноември (денот кога градот секако слави) во Скопје за прв пат во живо ќе се слушнат "Run to you”, “Summer of ‘69”, “Heaven”, “Please forgive me”, “Everything I do (I Do For You)”, “Have You Ever Really Loved a Woman” и многу други.

BRYAN ADAMS доаѓа во Скопје во рамки на големата светска “Shine a light” турнеја наречена по истоимениот нов албум, со која настапува во најголемите концертни арени ширум светот.

Сите детали околу цените на влезниците ќе бидат познати вечер, во 21 часот, а истите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, 10- ти јуни во 9 часот наутро.

Bryan Adams во живо со неговиот бенд е нешто што мора да го доживеете!

Одиме понатаму,
Авалон Продукција

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11214 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.