Џенифер Лопез и Џош Духамел ги имаат главните улоги во новата романтична комедија „Shotgun Wedding“.
Славните актери глумат заљубен пар чија свадбена прослава ќе биде уништена од криминалци кои ќе ги стават во опасност животите на сите присутни.
Џенифер (Дарси) и Џош (Том) мораат да дадат сè од себе за да ги спасат семејствата и пријателите.
Неодамна, беа објавени и првите официјални фотографии за филмот, кој ќе започне да се прикажува на 27 јануари следната година.