Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 20 минути во природа за повеќе енергија

20 минути во природа за повеќе енергија

Отсекогаш експертите препорачувале да се поминува колку што е можно повеќе време на отворен простор и по можност во природа на чист воздух. Психолозите тврдат дека ако се чувствувате без енергија, потребно е да излезете на воздух, а не да посегнувате по уште една чаша кафе.

Само 20 минути надвор може да ви дадат енергија исто како и една шолја кафе, тврдат научниците врз основа на ново американско истражување.

Жена во природаПриродата е „гориво“ за душата

Психолозите сметаат дека врската помеѓу човечкото тело и природата помага луѓето да се чувствуваат поживи.

„Природата е гориво за душата“ – вели професорот по психологија Ричард Рајан. Неговиот тим спровел 2 различни експерименти со 537 доброволци. Во рамките на експериментите секој учесник бил поставен во различни ситуации, активни и пасивни, на отворен или во затворен простор. Потоа кај учесниците било мерено нивото на енергија и расположението во текот на целиот ден. Исто така, им било кажано да си замислуваат дека се во различни средини со цел да се утврди дали нивната енергија ќе се покачи само поради помислата дека се на чист воздух.

Резултатите покажале дека учесниците се чувствувале подобро и со повеќе енергија кога си замислувале дека се надвор на отворено. Исто така, значително се зголемила нивната енергија и по само 20 минути поминати на свеж воздух.

Истражувачите препорачуваат луѓето да поминуваат повеќе време во природа на чист воздух, затоа што сметаат дека тоа помага за подобрување и на физичкото и на психичкото здравје.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.