Почетна » Новости » Шоу-бизнис » 10 женски модни трендови што мажите ги мразат

10 женски модни трендови што мажите ги мразат

Мината година познатиот сајт MSN спроведе истражување за да се открие кои се модерните парчиња облека кои жените ги обожаваат, а мажите ги мразат. Тогаш на списокот се најдоа: шалвари, комбинезони, UGG чизми, гладијаторки, хеланки, венчиња и преголеми очила за сонце.

Оваа година Telegraph направи истражување за да дознае кои се женските модни трендови кои мажите не ги сакаат. Еве ги резултатите:

Фармерски „работнички“ панталониЧорапи до глужд во комбинација со високи потпетициКломпиКомбинезони„Бабински“ стилГолеми перничиња на раменатаШалвариЛеопардски принтФармерки во машки стилМартинки

Фармерски „работнички“ панталони

Без разлика дали се долги или кратки, кога мажите ќе ги здогледаат, низ главата им поминува: „Зошто таа е облечена како џиновско бебе?“

Чорапи до глужд во комбинација со високи потпетици

Овој тренд го мразат и голем дел од жените, така што навистина е разбирливо зошто и мажите го сметаат за непривлечен.

Кломпи

Мажите ги оценуваат клопмите како најнесексапилни обувки.

Комбинезони

Ниту модерниот тренд комбинезон-панталони не беше оценет како секси од мажите и само некои од нив го одобриле со зборовите: „Само ако си супермодел“.

„Бабински“ стил

Мажите кажаа „не“ за шарен фустан со цвеќиња со стара кројка и облека во винтиџ стил.

Големи перничиња на рамената

Само еден од сите анкетирани мажи изјавил дека му се допаѓа облека со перничиња на рамената.

Шалвари

Вие можеби ќе ги оцените шалварите како шик, кул и егзотични, но мажите ги мразат затоа што жените во нив изгледале како да ги „наполниле“ пелените.

Леопардски принт

Иако многумина ќе кажат дека е секси, мажите кои учествувале во истражувањето не го сметаат за привлечен ниту леопардскиот принт.

Фармерки во машки стил

Фармерките во машки стил ги кријат женските облини, па не можеме да ги обвините мажите што ги ставаат на црната листа.

Чизми „Мартинки“

Тинејџерките ги обожаваат, но овие груби чизми воопшто не се пријатни за машкото око.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.