Почетна » Новости » Чуден свет » ФОТО: Најдебелата жена на светот започнува диета

ФОТО: Најдебелата жена на светот започнува диета

Тери Смит, за која се верува дека е најдебелата жена на светот, започнува со нов режим на исхрана и вежбање, откако докторите ја предупредиле дека може да умре.

49-годишната американка има нешто помалку од 320 килограми и не е во можност да се движи, да стане или да се преврти во креветот без нечија помош.

Тери Смит

Во последно време таа многу често имала главоболки. Докторите веруваат дека има проблем со мозокот и сметаат дека под итно треба да ѝ биде направено скенирање. Но, поради големата тежина, Тери не може да влезе во MRI скенер.

Со цел да може да го направи потребното скенирање, Тери сега започнала да држи диета и да прави вежби. За неа се грижат нејзиниот 44-годишен сопруг Мајрон и нивната ќерка Наџа.

Тери и нејзиниот сопруг МајронТери и нејзиниот сопруг Мајрон

„Мојот сопруг е мојот ангел чувар. Тој остана покрај мене и покрај сè. Повеќето мажи досега ќе имаа заминато и кој би ги обвинил – Мајрон е жив светец“ – изјавила таа.

Тери отсекогаш имала проблем со тежината. Уште на 20 години тежела 113 килограми, но била активна и работела како негувателка. И кога е омажила за Мајрон била дебела, но како што поминувало времето таа станувала сè поголема и поголема, а нејзиниот сопруг и нејзината ќерка останале слаби.

Тери и нејзината ќерка НаџаНаџа ѝ помага на Тери со вежбите

На 32 години Тери добила артритис во колената и не можела да се движи. Поради мирувањето, таа уште повеќе ја зголемила својата тежина. Во еден период кога докторите ѝ ги промениле лекарствата таа за 30 дена се здебелила 41 килограм.

Во моментов, со диетата Тери всушност се бори за својот живот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9473 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.