Почетна » Новости » Чуден свет » „Најидентичните“ близначки кои потрошиле $200.000 на пластични операции се во врска со ист маж

„Најидентичните“ близначки кои потрошиле $200.000 на пластични операции се во врска со ист маж

Запознајте ги Ана и Луси Десинк, кои неодамна беа прогласени за „најидентични близначки на светот“. 28-годишните Австралијки досега имаат потрошено околу 200.000 долари на пластични операции за целосно да наликуваат една на друга, јадат иста храна, имаат ист режим на вежбање, спијат во ист кревет и да, во врска се со ист маж.

Ана и Луси Десинк Ана и Луси Десинк

Неодамна, двете сестри го привлекоа вниманието на јапонски продуценти на телевизиско хумористично шоу и беа повикани да учествуваат во истото. Ана и Луси се натпреварувале против други близначки од Јапонија за титулата „најидентични близначки на светот“. Откако ни компјутерот не успеал да пронајде разлика меѓу ексцентричните сестри, тие биле прогласени за победнички.

Ана и Луси Десинк Ана и Луси Десинк

Сестрите Десинк во повеќе наврати со гордост имаат зборувано за своите навики и за животниот стил, како и за тоа дека имаат исто момче. „Никогаш не сме на повеќе од неколку метри оддалеченост. Каде што оди сестра ми, таму одам и јас. Се следиме една со друга. Кога таа ќе се најаде и јас сум најадена. Кога таа ќе престане да јаде и јас престанувам. Сакаме телата да ни изгледаат исто и да тежиме исто“ – рекле сестрите. „Имавме различни момчиња во минатото, но тоа не функционираше. Сега е многу полесно и е одлично. Постојано сме заедно 24/7. Полесно е да делиме ист маж, бидејќи така сме секогаш една до друга“ – додале тие.

Ана и Луси Десинк

Ана и Луси од мали нозе биле неразделни и толку многу наликувале една на друга, што ни нивниот татко не можел да ги разликува. На 24-годишна возраст, инспирирани од семејството Кардашијан, решиле со помош на пластична операција да си ги зголемат градите. Досега имаат потрошено повеќе од 200.000 долари на козметички зафати вклучително и зголемување на усните и тетовирање на веѓите.

Сепак, ниту Луси ниту Ана не помислува дека некогаш ќе се разделат. „Не можеме да си замислиме ни еден ден една без друга. И да бидеме искрени, не мислиме дека тоа ќе се случи некогаш“ – велат тие.

Ана и Луси Десинк Ана и Луси Десинк Ана и Луси Десинк

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.