Почетна » Новости » Чуден свет » „Да го зачуваме бебето или не?“ – онлајн анкета на брачен пар

„Да го зачуваме бебето или не?“ – онлајн анкета на брачен пар

Брачен пар од Минесота предизвика жестоки реакции со тоа што создаде онлајн анкета за луѓето да гласаат дали тие да го абортираат своето бебе или не.

Питер и Алиша Арнолдс го направија сајтот BirthorNot.com со цел посетителите да одлучат дали тие да станат родители, бидејќи самите не можеле да ја донесат таа одлука.

Birth or NotСајтот Birth or Not и анкетата

На контроверзниот сајт пишува: „Можете да гласате и да одберете дали да го абортираме или да го зачуваме нашето неродено дете. За прв пат, вашиот глас на темата абортус може да направи разлика“.

Питер и АлишаПитер и Алиша

„9 декември е последниот ден кога легално можеме да направиме абортус во нашата држава. Оваа анкета ќе остане отворена до два дена претходно за да имаме време за процедурата ако одлуката е таква“ – пишува над анкетата, која очигледно ќе заврши на 7 декември.

Алиша е бремена веќе 17 седмици. На сајтот таа и нејзиниот сопруг поставуваат и слики од нивното неродено бебе кое е наречено Wiggles и се знае дека е момче.

Бебето во 16-тата недела од бременостаБебето во 16-тата недела од бременоста

„Ова е шокантно. Тие зборуваат за бебе кое е старо 17 недели, тоа има срце што чука, неговиот мозок работи, а исто и нервните завршетоци низ неговото тело. До 20-тата недела кога ќе заврши гласањето тоа ќе биде доволно развиено за да чувствува ужасна болка. Ова што тие го прават е многу повеќе од несфатливо“ – изјавила претставничка на National Right to Life.

Бебето во 16-тата недела од бременоста (3D слика)

Питер и Алиша имаат по 30 години, а во брак се веќе 9 години. Досега Алиша имала два спонтани абортуса. И покрај тоа што добила уште една шанса да стане мајка, таа сè уште не можела да реши дали сака да го промени досегашниот начин на живот.

„Се плашам дека постојаниот притисок да бидам перфектна сопруга и мајка додека одам на работа на крајот ќе ме доведе до нервен слом“ – признала Алиша.

Потенцијалниот татко Питер смета дека анкетата не е нешто што треба да се смета за грешно. „Гласаме за сè, од гласање за избор на најдобар пејач на American Idol до гласање за тоа кој ќе биде новиот лидер на светот. Зошто да не гласаме за тоа дали да се продолжи или прекине бременоста?“ – пишува на сајтот.

До сега на анкетата гласале 66 028 луѓе, од кои 79% гласале Питер и Алиша да го зачуваат бебето, а 20,9% гласале да го абортираат.

Навистина шокира фактот што некој не само што го измислил сето ова, туку и навистина го направил.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11163 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.