Почетна » Новости » Промо » Само уште неколку денови до концертот на David Garrett во А1 Арена Борис Трајковски

Само уште неколку денови до концертот на David Garrett во А1 Арена Борис Трајковски

Започна одбројувањето на последните денови до Големиот концерт на David Garrett кој ќе се случи на 25 Септември во А1 Арена Борис Трајковски.

„Ѓаволот на виолина”, како што многумина го нарекуваат ветува дека на 25 Септември во Скопје на своите обожаватели ќе им приреди една незаборавна музичка вечер.

„Со нетрпение ја очекувам турнејата „UNLIMITED-GREATEST HITS-LIVE“ 2019, и повеќе од кога и да е, сакам да ги однесам моите обожаватели на едно возбудливо музичко патување. Заедно со мојата група, моите пријатели и обожаватели, сакам да ја прославуваме музиката, како и изминатите десет години" – вели David Garrett.

David Garrett

Тој вешто ги меша музичките стилови нудејќи оргинални нови верзии на најпознатите рок класици.Со неговите изведби на неговата магична виолина, класичната музика добива еден нов живот и покажува дека класичните композиции сакани од постарите можат да бидат достапни и провокативни и за младите генерации.

Не ја пропуштајте највозбудливата вечер со DAVID GARRETT И НЕГОВИОТ БЕНД! Бидете спремни за една уникатна crossover програма, најдобрите рок песни, како и емоционални балади и се разбира, по малку извонредна класична музика. Последните билети може да ги обезбедете преку продажната мрежа на kupikartizase, Југотон и Розе Веро 2.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9501 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.