Почетна » Новости » Промо » Пет аутфит идеи за првомајски излет во природа

Пет аутфит идеи за првомајски излет во природа

Собирите и дружењето на 1 Мај секогаш доаѓа како навестување на топлите летни месеци и на сите убави сончеви денови што следуваат. На празникот, вообичаено се собираме со пријателите и со блиските некаде во природа и сакаме целиот ден да го поминеме во дружење и разговори, кои за кратко време се претвораат во гласно смеење, пеење и играње.

За 1 Мај, најчесто, правиме многу планови за тоа каде ќе се оди и колку храна и пијалаци треба да се понесат, па понекогаш забораваме дека и модната комбинација што ќе ја носиме дента може да влијае на тоа како ќе си поминеме.

Токму затоа направивме список со пет аутфит идеи што да облечете, кои, можеби, ќе ве инспирираат за вашиот изглед за празникот. До празникот има време, па побарајте женска облека онлајн и нарачајте ги совршените парчиња.

Аутфит за првомајски излет

Летен цветен изглед

Кога времето е сончево, како што е за Први мај, цветната комбинација е секогаш добра идеја. Со овој избор на аутфит ќе имате свеж и женствен изглед, што идеално ќе се поклопи доколку за празникот одите на пикник во природа или парк.

Можете да комбинирате летен фустан со копчиња, удобни бели патики и бохо-чанта. Оваа комбинација е одлична доколку планирате за празникот да се релаксирате на отворено и да уживате во сонцето.

Доколку за време на пикникот планирате и да се вклучите во забавни активности, како фрлање фризби или играње бадмингтон, можете да се решите за широки панталони од памук со флорален принт и да ги комбинирате со еднобојна маица. Вака ќе се чувствувате удобно и ќе имате комбинација што веднаш ќе им остави впечаток на сите.

Спортска елеганција

Ако сакате да се чувствувате удобно, но и да бидете активни за празникот – нема потреба да се откажувате од стилот. Има одлични спортски комбинации што ќе ви дозволат дента да имате динамична енергија и да оставите впечаток со својот изглед.

Овој стил ќе го постигнете лесно доколку направите комбинација од удобни спортски парчиња и елегантни, женствени детали. Комбинирајте ги вашите најудобни широки тренирки со кратка маица и бели патики за да имате урбана спортска комбинација идеална за пикник во парк или собир во викендичка. Понесете со вас и удобен голем дуксер или спортска јакна, а за идеална комбинација додајте и спортско капче што ќе ве штити од сонце.

Можете да се одлучите и за широки панталони со принт, кои одлично се комбинираат со патики или удобни салонки.

Бохо ретро

Планирате целосно да се опуштите, па би сакале и вашиот аутфит да го одрази вашиот боемски дух? Нема да згрешите со бохо-стилот, кој нуди и удобност и можност да го изразите својот слободен дух и артистички афинитети.

Кога станува збор за бохо-стилот, бројот на комбинации е огромен. Можете да комбинирате широки фармерки со блуза со карнери или, пак, кусо тексас-здолниште и чорапи со интересен и разигран вез.

Доколку сакате да се чувствувате лежерно, а комбинацијата да биде елегантна, одлучете се за комбинезон со широки ракави и ногавици. Има голем избор на бохо-комбинезони по продавниците, кои се многу популарни бидејќи ја издолжуваат фигурата, особено моделите со пруги. За бохо-стил со додаток на винтиџ вајб, погледнете во плакарот на вашата мајка, можеби ќе откриете некој стар добар џинс што совршено ќе изгледа на вас.

Аутфит за првомајски излет

Кежуал минималистички изглед

Го обожавате едноставниот стил и не ви се допаѓа кога на вас носите тешки и ексцентрични бои? Вашата приврзаност кон минимализмот можете да ја одразите со многу елегантни и едноставни комбинации. Можете да одберете облека со јасни и прецизни линии во бела, крем и беж боја.

Одлучете се за лесни едноставни памучни панталони и комбинирајте ги со обична маичка на куси ракави. Ако сакате малку да ја зачините комбинацијата, можете да додадете убав елегантен шешир.

Стилот на шеширот одберете го во зависност од локацијата – мал федора шешир е одличен избор ако прославувате во парк или на пикник, а доколку сте на некоја локација покрај вода, одлучете се за панама шешир, кој секогаш остава впечаток.

Винтиџ-стил

Овој стил стана многу популарен во последните години, а ако тој е дефиниција и за вашиот начин на облекување, тогаш веќе знаете дека за 1 Mај ќе имате многу интересни можности за впечатливи комбинации.

Прв избор се секогаш фармерките со висок струк, комбинирани со винтиџ-блуза со уникатни детали, како реси или ретро принт. Не заборавајте ги на пикникот и своите ретроочила, кои освен што ќе ве заштитат од сонцето, ќе бидат и последниот детаљ што ќе ја направи вашата комбинација посебна.

Понесете кожена винтиџ чанта и ставете ги вашите омилени аксесоари, а ако ви недостига некој детаљ, секогаш можете во последен миг да ја посетите најблиската продавница за облека од втора рака каде што можете да откриете уникатни винтиџ-парчиња што ќе го комплетираат вашиот изглед.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11500 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.