Почетна » Новости » Промо » Моите здрави навики започнуваат во кујната – со dmBio!

Моите здрави навики започнуваат во кујната – со dmBio!

Во изминатиов период размислувавме за здравјето повеќе од кога било, но и за нашата врска со природата. Многумина од нас ја искористија можноста да се вратат на сопствените приоритети, a еден таков е и грижата за своето здравје преку исхраната. Нашата врска со природата најмногу се рефлектира преку органска храна која ја внесуваме во организмот, поради што дрогериите на dm се вашето место токму за вакви органски производи по супер цени.

Со повеќе од 500 производи од сегментот на органска храна, од кои повеќе од 300 ѝ припаѓаат на сопствената марка на dm, dmBio, дрогериите на dm ја имаат најшироката понуда во сегментот на органска исхрана во земјава. Висококвалитетните производи, кои патем се изработени без употреба на вештачки ароми, бои и конзерванси, изобилуваат со широк спектар на вкусови, кои се автентични, благодарение токму на органското и контролирано производството.

dm

А, што точно можете да пронајдете меѓу производите на dmBio?
Изборот е навистина голем. Од вкусни намази со неверојатни комбинации на зеленчук, вегански паштети за здрав и балансиран појадок, разни тестенини од крупник и леќа, комбинации од разни сосовии готови јадења, тофу и вегански колбаси за одмерен и неодоливо вкусен ручек, како и лесни, крцкави, супер вкусни галети за последниот оброк во денот. Секако, како вкусни закуски помеѓу оброците можете да најдете неверојатни комбинации на сушени овошја и јаткасти плодови. За вашите оброци да бидат целосни, комбинирајте ги со dmBio соковите од 100% органски овошја или пак вкусно какао, еспресо или друг вегански напиток и уживајте во совршено балансирани оброци во текот на целиот ден.

Но, зошто токму производите од dmBio?
Производите на dmBio претставуваат совршен спој на човечкот труд и природата. Со максимална посветеност во процесот на одгледување на состојките и финалниот производ, производите од оваа марка на dm се неверојатно квалитетни, а пред сѐ неверојатно вкусни. 75% од производите на dmBio потекнуваат од Германија. Со цел да се задржи и традиционалниот вкус, многу производи се произведени во земјите на потекло. Така на пример, италијанското песто или оцети се произведени во Италија. Јаворовиот сируп или пак кокосовото млеко се произведуваат директно во Канада, односно Шри Ланка.

dm bio

Покрај тоа, она што навистина е за пофалба кај овој сопствен бренд на dm се сигурноста и контролата на производите. Сите производители и добавувачи се подложни на строги контроли и мораат да ги исполнуваат строгите критериуми за органско потекло и производство на Европската Унија, за да бидат сертифицирани како БИО, односно органски производи во ЕУ. А, буквално сите производи на dmBio се сертифицирани токму на овој начин. Покрај тоа, сите производи се континуирано подложни на строги контроли од страна на бројни, светски-признати институти, со цел да се потврди дека овие производи одговараат на стандардите за квалитет.

Како дополнителна гаранција за квалитет и органско производство, голем број на производи од dmBio ја носат ознаката Naturland, еко-институција која гарантира еколошко и социјално управување со ресурсите и сеопфатна одржливост. Покрај тоа, многу производи го носат и биодинамичното лого на Demeter, кое поради живата циркуларна економија се смета за особено одржлива форма на управување со земјиштето и оди уште подалеку од барањата на органската регулатива на ЕУ.

Ако и вие мислите дека е вистинското време да создадете поздрави навики, а притоа да бидат придужени со неверојатно вкусни закуски, обидете се со производите од асортиманот на dmBio кои ќе ги пронајдете во вашите омилени дрогерии на dm.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11995 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.