Почетна » Новости » Промо » Мали овошни задоволства за секој ден од годината!

Мали овошни задоволства за секој ден од годината!

Инспирирани од здравиот живот, добрите навики и активното секојдневие, Нутрино лаб создаваат линија на производи која нѝ овозможува здрава закуска во секој дел од денот!

Сигурно се сеќавате на познатото правило дека 5 порции овошје и зеленчук на ден се формулата за здрав живот. Сепак, активното секојдневие не секогаш ни дозволува време кое ќе го посветиме на сечкање, блендирање или уште повеќе време поминато бирајќи здрави намирници секој ден. Токму затоа потребен нѝ e пријател кој ќе биде тука за нас и ќе се грижи да ја добиваме дневната доза здравје во секој момент од животот. Патот до свежо овошје не мора да биде комплициран - само одберете го пократкиот пат! Nutrino Lab – тимот кој верува дека добрата и едноставна храна мора да биде секогаш лесно достапна!

Нутрино лаб

Тајната формула се крие во долгогодишните истражувања кои ја создаваат совршената симбиоза исткаена во вкусни, хранливи, свежи, здрави производи без никакви додатоци. Секогаш кога ви е потребно освежување, енергетска бомба или здравје „to go,“ тука се плејадата на вкусови и внимателно одбрани комбинации на овошно пире кое ќе ви го даде токму она што ви е најпотребно – богатство од витамини спакувано во овошна кохезија на внимателно одбрани вкусови.

Нутрино лаб Нутрино лаб

„Во нашата лабораторија Nutrino Lab користиме овошје и зеленчук од сертифицирани одгледувачи. Користејќи современи технологии истите ги претвораме во пире. Во процесот на производство клучни се нашите технолози кои се грижат за безбедноста и квалитетот на производот и кои со својата стручност и знаење создаваат здрави и оригинални мешавини на вкусови. Кога станува збор за здравјето и безбедноста направен е дополнителен чекор - сите производни линии се опремени со „панели за чиста соба“, најсовремена техонологија што се користи само во медицинската и фармацевтската индустрија. Нашите оброци се спакувани во едноставна пауч амбалажа, која ја зачувува свежината, аромата и хранливата вредност на овошјето и зеленчукот. Покрај тоа, овие пакувања се практични за носење и многу лесни за употреба“ - велат од волшебната лабораторија на Nutrino Lab.

Замислете едно пакување Nutrino lab содржи сè што ви е потребно за да се освежите во текот на денот, плус истото е еквивалентно на свежо изблендирано овошје. Сите овошни пиреа ја носат назнаката А во скалата наречена Nutri-Score – систем на Европска унија за означување на хранливата вредност на производот. Ознаката А на пиреата на едноставен и сумарен начин ги класифицира овие производи во редот на оние со најголема хранлива вредност.

Нутрино лаб Нутрино лаб

За љубителите на познатите овошни вкусови, но и оние кои сакаат да пробаат нови, Nutrino Lab создава избор на уникатни овошни комбинации. Функционалните пиреа се дизајнирани да ги задоволат различни енергетски потреби, да ве разбудат, освежат, да ви дадат енергија. Богати со витамини, минерали и антиоксиданси, тие доаѓаат во варијации на најфино избалансирани вкусови на чисто овошје и зеленчук. Секоја мешавина е резултат на размислување и усогласување на различни ноти и хранливи материи, така што секое пире го носи авторскиот печат на иновативните технолози на Nutrino Lab. Покрај неверојатниот избор на овошни пиреа, тука се и Nutrino Lab сокчињата создадени со желба да ги претворат плодовите од дворот како што се дуњата, сливата или малина во фини пијалаци со висока хранлива вредност. Вкусот на детството, спакуван во компактна амбалажа. Совршено!

Нутрино лаб Нутрино лаб

Nutrino Lab е нов бренд на пазарот за здрава храна специјализиран за производство на пире и сокови од овошје и зеленчук. Се разликува од другите брендови по уникатната технологија со која овошјето и зеленчукот се обработуваат на таков начин што ќе ги задржат сите нивни нутритивни вредности, витамини и минерали, сето тоа без никакви адитиви. Nutrino Lab е тука за вас во секое време од денот или ноќта, бидејќи нема погрешно време за 100% природна закуска.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11166 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.