Почетна » Новости » Промо » Детска изложба за Стар Египет, интерактивни тури и подароци за новата училишна година во Скопје Сити Мол

Детска изложба за Стар Египет, интерактивни тури и подароци за новата училишна година во Скопје Сити Мол

Дојде и крајот на летниот распуст, време е да се подготвите Вие и Вашите деца за совршен старт на новата учебна година. Почнувајќи од денес па сѐ до 11.09 во Скопје Сити Мол ве чекаат специјални изненадувања кои овој трговски центар ги подготви за Вас и Вашите најмили.

Во периодот што следи, во Скопје Сити Мол ќе можете да уживате во најшироката шопинг понуда и ќе можете да најдете специјални колекции и модни комбинации по намалени цени, огромен избор на училишен прибор, книги и сѐ што ви е потребно за да ја започнете оваa учебна година успешно.

Скопје Сити Мол

После долгиот и опуштен летен распуст, враќањето на старите навики на учениците може да претставува вистинска потешкотија: домашни задачи, многу книги, рано будење, учење... Скопје Сити Мол е тука да Ви помогне во вистинскиот избор на потребните материјали за свеж почеток на новата учебна година.

„За некои деца завршувањето на летниот распуст и почетокот на училишната година претставуваат разочарување кај децата. Токму затоа Скопје Сити Мол има за цел да се погрижи почетокот да го направи вистинска песна преку разни активности во периодот од 26.08 до 20.09 и да ги разубави последните денови од распустот преки шопинг на попуст и акции и со една многу интересна изложба наречена 'KidsinPyramids'" - изјави Дамјан Корубин, маркетинг менаџер на Скопје Сити Мол.

Од 26.08.2022 до 20.09.2022во Скопје Сити Мол ќе биде поставена интернационална изложба на тема “стар Египет” каде секој викенд ќе има детски интерактивни тури проследени со многу забава,работилници и многу игра. Пријавување за турите е еден час пред почеток на секоја тура.

За крај, секој септември една од традиционалните придобивки кои ги имаат посетителите на Скопје Сити Мол е активноста за лојалност каде што со приложена сметка од над 3.000 денари од локалите кои учествуваат во кампањата, добивате ваучер со кои имате шанса да добиете еден од вредните подароци: училишни ранци, училишни несесери,таблети и многу други награди.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11433 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.