• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Промо

Грандиозен старт: TAG Heuer и Porsche лансираа партнерство со импресивен часовник

5 февруари 2021, 15:57
  • cподели

TAG Heuer и Porsche, неприкосновени икони на дизајнот, квалитетот и иновацијата, патуваа паралелно со децении и неретко имаа допирни точки, но дојде време да се обединат на иста патека.

Првиот заеднички чекор на реномираните брендови беше одбележан со креирањето на часовникот TAG Heuer Carrera Porsche Chronograph кој ќе биде обожаван од спортските ентузијасти.

Часовник

„Овој хронограф навистина е извонреден пример за координација, здружување и соработување. Она што го сакам кај овој часовник е што е Carrera спортски хронограф збогатен со суптилни и елегантни дизајнерски кодови на Porsche“ – рече Фредерик Арно, CEO на TAG Heuer.

TAG Heuer Carrera Porsche Chronograph е 44-милиметарски хронограф кој синтетизира елементи од универзумите на луксузниот швајцарски часовничарски бренд и германскиот производител на спортски автомобили.

Логото на Porsche е изгравирано на керамичката рамка на куќиштето, додека боите карактеристични за брендот (црвена, црна и сива) се инкорпорирани низ дизајнот.

Основата зад бројчаникот, која имитира текстура на асфалт и е креирана специјално за овој часовник, совршено ја изразува страста за возење додека арапските броеви што ги означуваат минутите асоцираат на контролната табла на автомобилите на Porsche.

Часовник

Срцето на часовникот се ѕирка преку транспарентната задна страна на куќиштето, а највпечатливиот елемент е на одреден начин омаж на воланот типичен за Porsche.

Часовник Часовник

Часовникот е презентиран или на меко ремче од луксузна кожа со иновативни шевови кои алудираат на ентериерот на Porsche или на челично ремче.

Часовник

Официјалното партнерство е на стартна линија, но е изградено на стабилна основа. Тоа е пријателство кое ги рефлектира соништата и аспирациите на визионерските семејства кои стојат зад двата најдинамични луксузни бренда.

Соработката беше лансирана со виртуелен настан:

Комерцијален текст

Tags
TAG Heuer
Porsche

Најнови

  • Нела Манческа

    Македонката Нела на високото 7. место на Јуниорската Евровизија, победи Франција

    Sat, 12/13/2025 - 19:32
  • Нела Манческа на Јуниорската Евровизија

    Браво! Моќниот настап на македонската претставничка Нела на Јуниорската Евровизија

    Sat, 12/13/2025 - 17:52
  • Амела и Леон

    „Два часа по промоцијата, Леон го изгуби најдобриот пријател – неговиот дедо“: Амела за објавувањето на две нови книги за аутизмот

    Fri, 12/12/2025 - 16:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.