Почетна » Новости » Промо » 10 итри начини како да заштедите пари додека сте млади

10 итри начини како да заштедите пари додека сте млади

Штедењето пари е важно, без разлика каква цел имате пред себе. Стекнувањето добри навики од млада возраст, ќе ви го олесни живеењето подоцна во животот. Штедењето за големи купувања е одличен начин вистински да ја разберете и цените вредноста на парите и на напорната работа. Но, треба да имате на ум дека тоа е бавен процес и понекогаш се потребни години за да се видат резултатите.

Штедењето ве учи како да бидете поодговорни кога ќе бидете возрасни и ќе имате сметки и финансиски давачки. Секогаш можете да започнете да „чувате“ пари, без разлика дали имате 10, 18 или 22 години.

Ако планирате да започнете да штедите, морате да имате на ум дека секој почеток е тежок. Важно е да имате пред себе долгорочна цел, која ќе ве мотивира да имате добри навики на штедење. На пример, поставете си цел: да одите на одмор, да исплатите долг, да си го купите првиот автомобил, да одите на патување низ светот или сами да си платите повисок степен на образование.

Веќе имате цел пред себе? На одличен пат сте, сега треба само да откриете на кои од следниве итри начини можете да штедите:

  1. Однапред планирајте ги оброците и приготвувајте ги дома. Научете да готвите и правете си сами јадење за на училиште, за на факултет или за на работа. Наместо да купувате кафе за носење, пригответе си го дома, а потоа понесете го со себе. Истражувајте нови начини на готвење сами или со помош на вашите родители и вметнете поздрави намирници во вашите оброци. Готвењето дома не само што ќе ви заштеди сериозна сума на пари, туку и ќе ви го подобри здравјето.
  2. Тренирајте дома или на отворено. Членствата во фитнес салите се скапи. Можете многу да заштедите ако си ја купите потребната опрема за да можете да тренирате во домашни услови или во најблискиот парк. Можете да најдете куп одлични тренинзи и фитнес програми онлајн. На YouTube има многу лични тренери кои нудат бесплатни тренинзи.
  3. Купете си каса или направете дупка во капак од тегла. Ќе се изненадите колку пари може да се заштедат на овој итар начин. Најпрво ви треба голема каса или тегла на чиј капак ќе направите отвор. Секој ден ставајте ги таму монетите кои ќе ви останат од вашите купувања. Ако користите кеш, касата гарантирано ќе се наполни многу брзо. Можете да ставите на неа натпис со целта која ја имате пред себе, на пример „За летен одмор“ или „За нов мобилен телефон“.
  4. Штедење

    Ако не сакате да користите кеш, Е-Касичка е едноставен начин на заштеда со секојдневното користење на MasterCard Debit Contactless картичката на Халкбанк. Со секоја трансакција направена со овој тип на картичка на ПОС терминал и виртуелен ПОС терминал на која било банка, одреден износ зголемен над износот на ПОС трансакцијата ќе се трансферира на ваша посебна штедна сметка (наменета исклучиво за овој тип на штедење).

  5. Користете ја библиотеката. Библиотеките се како продавници за книги, но со многу подобри услови. Најчесто годишното членство во градските библиотеки чини помалку од цената на една книга, додека училишните библиотеки можете да ги користите бесплатно. На овој начин, наместо да ја купувате секоја книга што сакате да ја прочитате, упатете се во библиотека и направете го тоа бесплатно.
  6. Заменете го транспортот со такси со пешачење или возење велосипед колку што е можно почесто. Возењето со такси е скап начин на превоз. Секојпат кога ќе имате можност да одите пешки или со велосипед до вашата дестинација, направете го тоа и одделете ги парите кои би ги дале за такси за да ги додадете во вашата заштеда.
  7. Продајте го она што повеќе не ви е потребно. Сè повеќе луѓе купуваат веќе користени нешта како облека, бебешка опрема, мебел, модни додатоци и сл. Тоа им овозможува да добијат подобар квалитет за пониска цена. Наместо да ја фрлате старата облека, старите ранци или накит, информирајте се каде и како можете да ги продадете и да си заработите пари.
  8. Пред да одите на шопинг или на пазарување, направете си список со неопходни нешта. Колку и да звучи клише, ова ќе ви помогне да се придржувате до определен буџет додека пазарувате. Сите некогаш сме влегле во продавница за 2-3 продукта, а сме излегле со кеси полни со намирници. Успешните штедачи секогаш имаат контрола врз трошењето. Едноставно е, колку помалку трошите, толку е полесно да заштедите. Започнете да ги запишувате вашите месечни трошоци. На крајот од секој месец, анализирајте дали купувате нешто што не ви потребно. Купувајте помалку и бидете разумни кога трошите пари. Не мора да имате сè што ќе ви се допадне на излогот.
  9. Користете го правилото 20%. Обидете се да одделувате 20% од сите ваши нови приходи за штедење. Луѓето кои успешно штедат си плаќаат прво себеси, а потоа на другите. Се разбира дека вашиот инстинкт ќе ви вели прво да се погрижите за сметките, но ако одите по тој пат, на крајот нема да ви остане ништо за штедење. Без разлика колку заработувате, создајте си навика прво да одделувате одреден процент од секоја пара што ќе ја добиете. Започнете на пример со 2% и движете се кон целта од 20%. Ова ќе ви помогне да не трошите пари на нешта кои не ви се потребни и внимателно да го планирате буџетот.
  10. Отворете си штедна книшка*. Така не само што секогаш ќе имате безбедно место на кое ќе можете да ги ставите вашите пари и да ги чувате додека не ви затребаат, туку и ќе си ја зголемите навиката на штедење. Уште подобро е што парите ќе ви бидат орочени и сумата ќе ви расте со секој изминат месец. Ако имате помалку од 18 години, веројатно ќе ви биде потребен родител.
  11. Предизвикајте се себеси и обидете се еден месец да бидете на „парична диета“. Што значи тоа? Тоа значи да си изберете месец од годината, на пример мај, и да се обидете 31 ден да ги купувате само неопходните работи кои ви се потребни во секојдневниот живот: храна, транспорт, лекарства и средства за хигиена. Скратете ги трошоците за нешта кои не ви се неопходни тој месец: облека, забава, јадење во ресторан и сл. На пример, наместо да одите на кафе со пријателите, одете на прошетка или пикник во парк. Парите што ќе ги заштедите, додајте ги на вашата штедна книшка. Чувството гарантирано ќе ве мотивира уште повеќе да штедите.

*Evolve депозитот на Халкбанк со каматна стапка која расте на секои 6 месеци.

  • Можност за дополнителни вложувања
  • Минимален износ на вложување: 3.000 МКД/ 50 ЕУР
  • Рок на орочување: 24 месеци
Штедење

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11495 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.