Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Тејлор Свифт му се одмаздува на неверниот Шон О’Прај во спотот за „Blank Space“

ВИДЕО: Тејлор Свифт му се одмаздува на неверниот Шон О’Прај во спотот за „Blank Space“

Тејлор Свифт го објави спотот за „Blank Space“ во кој главна улога има и моделот Шон О’Прај.

На почетокот на видеото режирано од Џозеф Кан, Тејлор и Шон се во идеална љубовна врска, но потоа љубомората го претвора романтичниот сон во вистински кошмар. Откако ќе дознае дека нејзиниот сакан тајно си разменува пораки со друга девојка, 24-годишната пејачка полудува и започнува одмазднички поход со сечење и палење на облека, уништување на портрет и кршење на автомобил.

Преку текстот на песната и спотот, Свифт го исмејува начинот на којшто медиумите ја претставуваат пред јавноста, поконкретно нејзиниот љубовен живот.

„Blank Space“ е дел од новиот албум на Свифт, „1989“, кој уште во првата недела по објавувањето беше продаден во 1.287.000 примероци. Тоа е албумот со најголема продажба во една недела од 2002 година, кога Еминем продаде 1.322.000 примероци од „The Eminem Show".

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.