Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Тамара Тодевска во секси аутфит во спотот за новата песна „Его“ со Young Dadi

ВИДЕО: Тамара Тодевска во секси аутфит во спотот за новата песна „Его“ со Young Dadi

Тамара Тодевска и Young Dadi ги израдуваа своите фанови со заедничка музика.

Македонските музичари ја објавија песната „Его“, заедно со спотот за истата.

Текстот го напиша самиот Дади, а за музиката и аранжманот тие соработуваа со Роберт Билбилов.

Погледнете го видеозаписот и слушнете ја песната:

„Среќна сум што навистина после повеќе години објавувам песна, која е дует – соработка со друг артист. Дади е дел од помладата музичка сцена. Го следам подолго време, ми се допаѓа неговата работа и секогаш сакам да дадам поддршка на наши домашни млади артисти.“

„Снимањето на спотот го завршивме за еден ден. Снимавме целодневно и навистина уживав во креирањето на целиот проект“ - вели Тамара за создавањето на „Его“.

Дади истакна дека секогаш пишува за моменти во кои учествувал. Преку зборовите сака да пренесе свои лични искуства и тоа е причина повеќе за да верува во песната.

„Ова е прва моја соработка со музичар како Тамара Тодевска, која е една од нашите најдобри и најпродуктивни пејачки – активна десетици години на македонската и регионалната музичка сцена. Можам да кажам дека е навистина убаво и поинакво искуство за мене. Како во процесот на снимање на песната во студио, така и во продукцијата на самиот спот. Верувам дека песната ќе биде хит и ќе го одбележи овој период пред летото“ - изјави Дади.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11270 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.