Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Спотот на Александра Јанева и Наташа Малинкова за првата заедничка песна „Еуфорија“

ВИДЕО: Спотот на Александра Јанева и Наташа Малинкова за првата заедничка песна „Еуфорија“

Александра Јанева и Наташа Малинкова ја снимија својата прва заедничка песна. Македонските поп пејачки го објавија дуетот со наслов „Еуфорија“.

Во видеото, двете музичарки пеат и се забавуваат заедно со своите бендови со кои настапуваат низ цела Македонија.

„Нашиот летен сингл е карактеристичен заради тоа што е еден од ретките женски дуети на македонската сцена. Се надеваме дека направивме проект кој ќе им се допадне на сите наши поддржувачи“ – вели Наташа.

„Еуфорија е нова доза македонска музика од мене и Наташа. Драго ми е што заедничката желба да придонесеме повеќе кон домашната музика ја преточивме во забавен проект“ – дополнува Александра.

Песната е дело на авторот Столе Аврамов, а на аранжманот и продукцијата се потпишуваат заедно со Зоран Алексиќ.

Наташа и Александра

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11085 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.