Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Спотот за песната „Очи Вселена“ која Сара Мејс му ја посвети на синчето Кирил

ВИДЕО: Спотот за песната „Очи Вселена“ која Сара Мејс му ја посвети на синчето Кирил

Сара Мејс го објави спотот за „Очи Вселена“.

Песната со ултра модерен звук со диско ритам и заразна мелодија доби современ, динамичен и автентичен видеозапис.

Популарната македонска пејачка песната му ја посвети на едногодишниот син Кирил.

„Песнава ја напишав и ја посветив на мојот син Кирил. Не знам што би можела повеќе да кажам за оваа песна, многу е посебна за мене, верувам дека таква и ќе остане засекогаш во моето срце... Премногу емоции, премногу среќа, премногу светлина донесе тоа дете во нашите животи. Како да ја збогати цела домашна атмосфера од кога се роди, со еден уште попозитивен flow. Морав да го овековечам со песна. Не би било реално и правилно во мојов свет ако не се случеше. Кирил е делчето од слагалицата што ме направи целосна и комплетна. И не само мене, туку цело семејство. И Илина си доби братче и Димитар си доби син. Песна за Илина имам напишано, ‘Бакар боја’, му должев една и на Кирил. Не може за едното мајка, за другото маќеа“ – вели Сара.

Сара Мејс Сара Мејс Сара Мејс

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.