Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Спотот за „See You Again“ во чест на Пол Вокер

ВИДЕО: Спотот за „See You Again“ во чест на Пол Вокер

Видеозаписот за „See You Again“ му е посветен на прерано починатиот Пол Вокер. Виз Калифа и Чарли Пут ја исполнија емотивната песна од саундтракот на филмот „Furious 7“, кој со нетрпение беше дочекан од обожавателите на „Fast & Furious“. Спотот вклучува сцени од досегашните филмови со познатата екипа.

Пол Вокер загина во сообраќајна несреќа во 2013 година за време на снимањето на новиот филм. По неговата смрт, во повеќе сцени неговото место го пополнија неговите браќа Кејлеб и Коди.

Вин Дизел во неколку наврати изјавуваше дека на Пол гледал како на свој брат и на своја сродна душа. Тој и ја крсти својата ќерка Полина, во чест на својот почитуван колега.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11391 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.