Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Спотовите на Селена Гомез за новите песни инспирирани од раскинувањето со Џастин Бибер

ВИДЕО: Спотовите на Селена Гомез за новите песни инспирирани од раскинувањето со Џастин Бибер

Селена Гомез се врати на сцената со две нови песни – „Lose You to Love Me“ и „Look At Her Now“.

27-годишната пејачка ја објави емотивната нова балада „Lose You to Love Me“ пред два дена, а само 24 часа подоцна ја објави и песната „Look At Her Now“. Двата спотови биле снимени со iPhone телефони.

„Lose You to Love Me“

„Look At Her Now“

Текстовите на двете песни поттикнаа коментари дека се напишани за турбулентната врска и разделбата со Џастин Бибер, кој неодамна стапи во брак со Хејли Болдвин. Тоа подоцна беше потврдено и од самата пејачка, која изјави дека со песните започнува ново поглавје од нејзиниот живот.

„Оваа песна беше инспирирана од многуте нешта што ми се случија во животот откако го објавив мојот последен албум. Сметав дека е важно да ја споделам музиката, бидејќи знам дека многумина можат да се пронајдат во фактот дека патот до самоосознавањето генерално доаѓа преку лузните во животот. Сакам луѓето да почувствуваат надеж и да знаат дека ќе излезат на другата страна посилни и дека ќе бидат подобра верзија од себеси“ – изјавила Селена за „Look At Her Now“.

Во интервју со Рајан Сикрест, Селена призна дека се чувствувала ужасно по разделбата со Џастин и дека ја напишала „Lose You to Love Me“ пред една година, но не била психички подготвена да ја објави тогаш. Во песната таа пее „Ти требаа два месеци за да нè замениш“, што се однесува на врската која Бибер ја започна со сегашната сопруга само месеци по нивната разделба.

„Најлошиот дел од сето ова е што за мене е реално, а сигурна сум дека за други луѓе ова е само забава. Но, мислам дека станав ‘имуна’ на тоа“ – рече таа.

Видео

Џастин и Селена започнаа да се состануваат во декември 2010 година, а се разделија две години подоцна. Тие ја обновија врската по неколку недели, но повторно се разделија во јануари 2013. Во текот на годините, парот неколкупати ја обновуваше и раскинуваше врската. Последен пат тие се состануваа во периодот од крајот на 2017 година до март 2018 година.

Селена Гомез и Џастин Бибер

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10389 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.