Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Спектакуларниот настап на Мадона на Super Bowl

ВИДЕО: Спектакуларниот настап на Мадона на Super Bowl

Мадона вети и приреди голем спектакл на полувремето на Супер Боул натпреварот. 53-годишната пејачка со енергичен настап покажа зошто е нарекувана кралица на поп музиката.

Мадона се појави пред многубројната публика качена на трон, кој беше донесен од римски војници.

Речиси 13 минути таа танцуваше на сцената додека исполнуваше хитови како „Vogue“, „Music“ и „Like a Prayer“. На грандиозната сцена заедно со Мадона се појавија и Си Ло Грин, LMFAO, М.I.A. и Ники Минаж.

За време на изведбата на новиот хит на Мадона „Give Me All Your Luvin“, M.I.A. им го покажа средниот прст на камерите и им даде повод на критичарите да си ги отворат устите. Но, воглавно реакциите за настапот на Мадона се позитивни. Погледнете зошто.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.