Почетна » Новости » Музика » ВИДЕО: Мадона го објави спотот за „Give Me All Your Luvin“

ВИДЕО: Мадона го објави спотот за „Give Me All Your Luvin“

Спотот на Мадона за првата песна од нејзиниот најнов албум ја доживеа својата премиера. Видеото за песната „Give Me All Your Luvin“ започнува со пораката: „Фановите можат да те направат славен, еден договор може да те направи богат, медиумите можат да те направат суперѕвезда, но само љубовта може да те направи играч.“

Потоа се појавуваат Ники Минаж и M.I.A. како мажоретки, а Мадона излегува од куќа со количка за бебе. 53-годишната ѕвезда во текот на целото видео ја следат рагби играчи, што секако е инспирација од претстојниот Супер Боул, на чие полувреме ќе настапува Мадона.

Во еден момент од видеото Мадона се навраќа на минатото со изглед кој го имитира стилот на познатата Мерилин Монро.

Популарната пејачка во спотот изгледа не 10, туку 30 години помлада, а тоа предизвика многу негативни коментари од нејзините фанови.

„Give Me All Your Luvin“ е дел од најновиот 12-ти студиски албум на Мадона, „M.D.N.A.“.

Што мислите за спотот? Мадона се враќа убедливо на сцената или време ѝ е да се пензионира?

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12007 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.